Француското министерство за здравство пријави 12.148 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа.
Други 136 лица починале како резултат на Ковид-19, најмногу за еден ден од средината на мај.
Бројот на новоинфицирани лица евидентирани денес е многу помал од минатонеделниот рекорд, кога коронавирусот бил потврден кај над 16 000 луѓе.
Вкупниот број на лица заразени со коронавирус во Франција во моментот е 589.653. Како резултат на ковида 19, досега починале 32.155 пациенти, пренесува Ројтерс.
Бројот на хоспитализирани пациенти се зголеми за 106 на 6.758, додека 1.276 пациенти беа сместени во одделенијата за интензивна нега, 11 повеќе од вчера. Во Франција во моментот е 589.653. Досега починале 32.155 пациенти како резултат на ковид 19, пренесува Ројтерс.