Нов удар на Бајден врз Путин: На мета се олигарсите, рускиот кавијар и вотка

од Nikola Popovski
258 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден зборува од Белата куќа и повика на укинување на трговскиот статус на „најпривилегираната нација“ во Русија.

Потегот, координиран со Г7 и сојузниците на ЕУ, ќе бара акт од Конгресот. Од секоја земја се очекува да ја спроведе оваа мерка врз основа на сопствените национални интереси.

Бајден рече дека овој потег ќе го направи рускиот претседател Владимир Путин „уште поодговорен за неговата агресија врз Украина“.

„Секоја наша нација ќе преземе чекори за да ја лиши Русија од статусот на „најповластена нација“, вели Бајден.

„САД ќе го забранат увозот на алкохол и морски плодови, како и вотката и кавијарот од Русија“, изјави првиот човек на Белата куќа.

Американската забрана за извоз на луксузни стоки во Русија, која Бајден ја спомена во својот говор, ќе вклучи и стоки како што се тутун, облека, накит, автомобили, антиквитети, информира претставник на администрацијата за Си-Ен-Ен.

Повеќе санкции за олигарсите

Џо Бајден рече дека Г7 додава санкции за руските олигарси и нивните семејства додека инвазијата на Украина продолжува.

„Г7, исто така, го зајакнува притисокот врз корумпираните руски милијардери. Додаваме нови имиња на списокот на олигарси и нивните семејства што ги таргетираме“, рече Бајден.

„Тие го поддржуваат Путин. Тие ги крадат парите на рускиот народ и се обидуваат да ги сокријат нивните пари во нашите земји“, рече тој.

Бајден додаде дека рускиот увоз на морска храна, вотка и дијаманти ќе биде забранет.

„Иако ги таргетираме нивните супер-јахти и нивните викендички, вредни стотици милиони долари, ќе им го отежнеме и купувањето луксузни производи со врвен квалитет произведени во нашата земја, забранувајќи го извозот на луксузни стоки во Русија. „Ова се чекорите што ги преземаме, но не се последните“, информира американскиот претседател.

Слични содржини