Нов удар за Шакира: „Пике и Клара Чиа ќе се венчаат“

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике се разделија минатата година по 12 години врска.

Двајцата ги имаат синовите Милан и Саша, а како главна причина за раскинувањето се споменуваше неверството на Пике. Имено, тој ја изневери Шакира со Клара Чиа со која ја потврди врската набргу по раскинувањето со пејачката.

Иако никогаш не се ожени со Шакира, извори блиски до фудбалерот тврдат дека тој сега планира да го направи тоа со својата нова избраничка.

„Жерар Пике и Клара Чиа ќе се венчаат. Поранешниот фудбалер и неговата девојка ја донесоа оваа многу важна одлука. Го испланирале и идеалниот момент за споделување на среќната вест“, рекол изворот, пишува „Дејли мејл“.

„Објавата ќе биде јавно објавена на уште еден важен датум за Пике, венчавката на неговиот брат Марк, кој на 24 јуни ќе се ожени со својата сакана од детството Марија“, открил извор близок на парот.

Потсетуваме дека по раскинувањето со Пике, Шакира беше поврзувана со неколку мажи. Најпрво се пишуваше дека е во врска со инструктор по сурфање, потоа се фотографираше со актерот Том Круз на јавен настан, а на крајот ја поврзуваа со Луис Хамилтон и кошаркарот Џими Батлер, но засега сето ова се само шпекулации.

Слични содржини