Нов вид тарантула ќе се вика Габриел Гарсија Маркес

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Нов вид тарантула пронајдена недалеку од родниот град на Габриел Гарсија Маркес, бил наречен со името на покојниот нобеловец.4929218

Неодамна откриениот пајак “Kankuamos marquezi” е наречен како на Маркес, така и на туземната група Канкуамо, која живее регионот на Карибите Колумбија, каде што е роден познатиот писател.

Пајакот има заштитен механизам од жилести влакна кои се забиваат во очите на предаторите и во кожата на човекот. Пајакот изгледа страшно, но не е агресивен. Телото му е долго 3 сантиметри, а ногарките – уште толку. Вкупната должина на пајакот е 9 сантиметри. Група уругвајски и колумбиски научници на чело со Карлос Перефан од Универзитетот во Монтевидео ја откриле тарантулата во повисоките делови на планината, на 2 200 надморска височина во дождовна и студена средина.

Гарсија Маркес е роден во Аракатака крај северниот брег на Колумбија и ја започна својата кариера како новинар во Картагена. Сметан за еден од виртуоз на волшебниот реализам. Авторот на “Сто години самотија” почина на 87 години во 2014 година во Мексико, каде што живееше со својата сопруга Мерседес. Придонесот на Маркес е што ѝ помага на Латинска Америка да се појави на мапата на светската литература. Во 1982 година Габриел Гарсија Маркес станува добитник на Нобеловата награда за литература.