343
Списокот на санкции против Русија се проширува, владата на Нов Зеланд објави закон кој ќе и овозможи земјата сама да воведе санкции кон Русија.
Кога законот ќе биде усвоен, тоа ќе биде првпат Нов Зеланд сам да воведе санкции кон една земја.
Премиерката Џасинда Ардерн рече дека ќе дозволи да се замрзнат руските средства во Нов Зеланд, да се спречат поединци и компании да ги префрлаат своите пари и имот овде за да се избегнат санкциите наметнати од други земји и да се запре влезот на супер јахти, бродови и авиони.