Покрај брегот на Менхетен отворен е пловечки парк изграден на реката Хадсон во Њујорк, кој беше отворен за јавноста денес, веднаш до брегот на Менхетен.
Новата атракција беше именувана како „Мал остров“ и, покрај другите, во изградбата учествуваше фондацијата на милијардерот Бери Дилер.
Проектот чинеше 260 милиони долари, а за дизајнот беше задолжен Томас Хедервик.
This is a 2.4-acre Little Island, a $260 mil artificial island with innovative public park on the Hudson River in NY, will host about 500 events & performances a year. The landscape #design was conceived as a leaf floating on water. #innovation #architecture pic.twitter.com/jolmGtowQD
— Solomon Kassa (@SolomonMKassa) May 21, 2021
До паркот може да се стигне преку два моста, а во еден вид зелена оаза растат 35 видови дрвја, 65 видови грмушки и 290 видови трева, винова лоза и други повеќегодишни растенија.
Растенијата се распоредени на висорамнини со различна висина.
„Ова е оаза полна со забава, имагинација … Изгледа како маѓепсана шума или Оз од бајката“, изјави Дилер.
„Малиот остров“ се отвора секој ден во шест часот наутро, и работи до еден часот по полноќ.
Забава, како што се танцови претстави, музички и театарски настани, се планирани за средината на јуни.