Нова автобуска линија Тетово-Попова Шапка

од Stefanija Kuzmanovska
859 прегледи

Граѓаните кои сакаат да ја посетат Попова Шапка од денеска ќе имаат можност да ја користат нововоспоставената автобуска линија која тргнува од Тетово. До скијачкиот центар досега немаше редовна автобуска линија, а Општина Тетово воведува превоз во сабота и недела.

Од Тетово кон Попова Шапка автобуси ќе тргнуваат во 08:30, 11:00, 14:00 и 17:00 часот со почетна точка – во близина на поранешната појдовна станица на жичарницата од градот до скијачкиот центар.

Повратен билет за едно лице ќе чини 200 денари.

„Оваа линија очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи, туку и на олеснување на сообраќајот кон овој патен правец“, соопштија од Општината.

Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ – Тетово, кои имаат редовни градски линии. За враќање од Попова Шапка кон Тетово предвидени се термините 09:30, 12:30, 15:30 и 18:30 часот.

Слични содржини