Само неколку дена откако беше објавено дека Фокс е непотребен во Сакраменто, раководството на таа франшиза успеа да се договори со Чикаго Булс.
Трејдот е доста „широк“, но најважно е што Дирон Фокс оди во Сан Антонио, а Зак Лавин оди во Сакраменто.
Ова беше првиот трејд откако НБА ја потресе веста дека Лука Дончиќ е трејдуван во ЛА Лејкерс во замена за Ентони Дејвис, а навивачите сега се прашуваат – што е следно?
Кој точно добива што во трејдот на Фокс во Сан Антонио?
Спарс: Дирон Фокс, Џордан Меклафлин
Кингс: Зак ЛаВајн, Сиди Сисоко, три пика од првата рунда на драфтот (2025 Шарлот, 2027 Сан Антонио, 2031 Минесота) и три избори од втората рунда (2025 Чикаго, 2028 Денвер и 2028 Сакраменто)
Булс: Зак Колинс, Треј Џонс, Кевин Хертер, пик од првиот круг од Спарс во 2025 година
Во превод, Спарс добија ол-стар плејмејкер кој може да го спојат со Виктор Вембањама не само оваа година, туку и за во иднина, бидејќи Фокс има 27 години, а оваа сезона има просек од 25 поени, пет скока и шест асистенции по натпревар.
Може да се каже дека „кралевите“ минаа солидно, бидејќи покрај Зек Лавин, добија и по три пика од првиот и вториот круг.
За споредба, Лејкерси добија само еден избор во првата рунда за трејдот на Дончиќ, но, за волја на вистината, тие изгубија подобар играч во Дејвис. Кој „доби“ повеќе за својата суперѕвезда – проценете сами…
Од овој трејд не профитираа Чикаго Булс, кои горе-долу само се ослободија од Лавин и неговиот договор, според кој до летото 2027 година ќе добиваше околу 45 милиони долари годишно.
Играчите што ги добија нема да им помогнат да стигнат до плеј-офот или нешто поголемо, а најголемата работа што ја добија беше нивниот пик во првата рунда на следниот драфт, со оглед дека ќе се мачат до крајот на сезоната.