Боинг 737 na руската авиокомпанија “UTair” со 78 патници побарал одобрување за принудно слетување на Pulkovo аеродромот во Санкт Петербург, денеска ова го потврди портпаролот на компанијата.

Истиот извор рече дека авионот бил на лет од Москва и побарал принудно слетување, бидејќи еден мотор престанал да работи, пренесува агенција Ројтерс.
Во Боинг 737, имало вкупно 78 патници и членови на екипажот.
Руската авиокомпанија Utair потврди дека нејзиниот авион на лет UT369, кој летал од Москва до Санкт Петерсбург, слетал на аеродромот во Pulkovo.
“Авионот полетал од аеродромот Внуково Москва присилно слета затоа што откажал предавателот, кој утврдил дека десниот мотор неработел”, изјавил извор за новинската агенција РИА Новости.
Авионот слета во 00:35 часот по локално Московско време.