Британскиот крал Чарлс Трети денеска го одбил барањето на принцот Ендру да му ги плаќа трошоците за лечење на индиски гуру во износ од 36.250 евра годишно.
Војводата од Јорк веќе неколку години поднел барање да се одвои средства од кралскиот буџет за услугите на својот гуру, па сега ќе треба сам да ги плати, пишува „Дејли Стар“.
Како што се наведува, кралот Чарлс наводно одбива да плати 36.250 евра за индискиот исцелител на принцот Ендру бидејќи сака да направи што е можно поголема заштеда во кралскиот буџет.
Принцот Ендру ги користел услугите на искусниот гуру неколку години и секоја година поднесувал барање до монархот да ги потпише трошоците, што без сомнение претходно го правела неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.