Нова фабрика и 1.300 работни места – потврда за успешните политики на Ковачевски, порачуваат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
115 прегледи

Успешните економски политики на Владата предводена од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, даваат резултати и во услови на најголемата светска економска и енергетска криза. Потврда за тоа е и новата фабрика во Струга, на кандски инвеститор, во која се отвораат 1.300 нови работни места, што значи шанса за пристоен живот на 1.300 наши сограѓани, порачаа денеска од СДСМ.

Владеачката партија посочува дека и во време на глобални предизвици, во текот на изминатите 18 месеци, постигнати се договори од над 620 милиони евра инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони, што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години.

-СДСМ продолжува со мерки и политики за привлекување на странските инвеститори, кои значат нови вложувања и вработувања, за подобар животен стандард на граѓаните, стои во соопштението од „Бихаќка“.