Нова голема промена на Евровизија

од Симе Стоиков
209 прегледи

Организаторите на Евровизија открија уште една промена која ќе биде воведена на натпреварот од оваа година, а се однесува на редоследот на настапи.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека наместо да се извлечат две опции за изведбената позиција во финалето, односно евентуален настап во првaта и втората половени, финалистите ќе извлечат три опции, бидејќи е воведена нова, која е одлуката на продуцентот.

Од топката за извлекување, шест земји извлекуваат ливче за настап во првата половина од финалето, од 2 до 13, бидејќи домаќинот Шведска ја извлече првата позиција, шест земји имаат ливче за настап во втората половина на финалето, од 14 од 26, а останатите 13 земји ќе извлечат настап во кој било дел од финалето, како што одлучат продуцентите.

Како причина за оваа промена на Евровизија беше наведено дека таа им дава можност на продуцентите да создадат шоу во кое секоја песна се издвојува, со помалку ограничувања.

Слични содржини