Во Второстепената лекарска комисија чиј претседател е доктор Аспазија Софијанова, актуелна директорка на детската клиника не го прифатиле мислењето на своите колеги ортопеди и одговориле дека не се исцрпени можностите за лекување во Македонија, односно дека„лекувањето има можност да се изврши на Клиниката за ортопедија, трауматологија,анестезија, реанимација и интензивно лекување на малата Тамара.
Комисијата решението го донела на 30. 10. 2014 година, по што семејството ги алармираше медиумите. Под притисок на медиумите министерот Тодоров вети дека ќе се изнајде решение, но само усно, на ветување, објави НОВА.
Во прилог се објавени и документи од кои се гледа дека конечната одлука на комисијата на Фондот е Тамара да биде одбиена да се оперира во странство.
Повеќе на НОВА на следниот линк.
