Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска информираше дека е формирана комисија и за смртта на овчарот од Кратовско и поднесени се до барања до повеќе институции за да се расчисти случајот
– Оставка за мене не е опција тоа е дезертирање. Во наредните шест месеци има многу работа која треба да се сработи за да се отстранат слабостите. Доколку Владата побара од мене одговорност јас ќе ја профатам, истакн Ангелов.
Директорот на ЦУК вели дека средувањето на состојбите во ЦУК ќе биде сложен и долготраен процес.
– За да не ни се случува ова и во иднина изминативе неколку месеци работиме на воспоставување и имплементација на повикувачкиот европски број 112. Се работи за линија на која било кој граѓанин ќе добие било каква помош за која што има потреба, вели Ангелов.
Овчарот кој беше пронајден во тешка здравствена состојба, откако 12 часа лежел на снег во близина на домот, почина во штипската болница.Тој имал мозочно крварење и изминативе денови бил во кома.