Уште најмалку десет илегални мигранти се удавија во ноќта наспроти петок во близина на грчкиот остров Калимнос, 135 беа спасени по потонувањето на нивниот брод,кој  доаѓал од Турција.

4482586

Ова го соопшти грчката пристанишнаполиција, цитирана од АФП. Оваа нова драма ја  пополни листата со давеници , која  почна во средата. Бројот на загинатите во четвртокот вечерта достигна 17 лица, меѓу кои 11 деца, откако беше најдено  уште едно тело, а девојка починати  во болница на островот Лезбос. Последните жртви се удавиле откако бродот  со околу 150 лица, според првите податоци на очевидци, се превртел во ноќта наспроти петок крај Калимнос.

 

спасувачиОстровот е место кое го  избираат  илјадници луѓе секојдневно  како грчка “врата” кон Европа.  Потрагата продолжуваат и во темнината, со надеж за наоѓање на нови преживеани. Во акцијата се вклучија четири грчки патролни брода , брод на агенцијата за заштита на надворешните граници на ЕУ – Фронтекс – хеликоптер, како и рибарски и туристички чамци од островот. Високиот комесар за Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) изрази длабока загриженост уште пред последната драма, истакнувајќи дека “влошувањето на времето”ја влошува ситуацијата на мигрантите. Грчката Влада  повика  за итна европска интервенција, за да се осигура безбедноста на бегалците, како и да  им се обезбеди легитимен пристап до ЕУ.

Премиерот од радикалната левица Алексис Ципрас денеска ќе одговара  во парламентот во Атина на прашање на опозицијата за миграциската  криза. Од почетокот на годината 560 илјади мигранти и бегалци стигнале  до Грција по море. Вкупно над 700 илјади прстигнаа до Европа преку Медитеранот, според Меѓународната организација за миграција. Според истата организација над 3,2 илјади загинаа по овој пат, . / АФП

Слични содржини