Нова најава за Lamborghini Huracan Sterrato (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Lamborghini веќе некое време најавува дека ќе направи сериска верзија на концептот Huracan Sterrato кој се појави пред нешто повеќе од три години.

Производството Huracan Sterrato (името се уште не е конечно), кое воедно ќе биде и последната еволуција на Huracan, ќе пристигне пред крајот на 2022 година. Дотогаш, еве ново тизер видео кое го најавува овој прв теренски Huracan.

Иако автомобилот е сè уште под обвивка, се чини дека не е многу променет откако студијата за возилото беше претставена во јуни 2019 година.

Тоа значи дека очекуваме подигнат Huracan (+ 47 mm), со два дополнителни фарови, проширени браници, пошироки траги на тркалата, заштитни елементи, шини на покривот, нови тркала од 20 инчи и модифицирана суспензија.

Најверојатно ќе биде придвижуван од 5,2-литарски V10 мотор (концептот имаше 640 КС), со погон на четири тркала и систем за управување на сите четири тркала.

Испораките би можеле да започнат на почетокот на 2023 година, но цената засега е непозната.

Слични содржини