Нова опрема за сензорните соби на три училишта од Општина Карпош

од Andreja Salpe
255 прегледи

Денес од одделението за односи со јавност на Општина Карпош информираа сензорните соби на основните училишта Лазо Трповски“, „Аврам ПисевскииЈан Амос Коменски“ добија нови реквизити и училишни помагала кои придонесувааат полесно вклучување за учениците со попреченост, нивна поголема социјализација и директна комуникација.

Станува збор за интерактивни табли, топки и предмети со топчест облик кои овозможуваат развој на моториката кај најмладите.

„Овие реквизити ги донираше организацијата „Open fun football schools – Macedonia“, која има континуирана соработка со општина Карпош. Локалната самоуправа, оваа недела одржа и јавна дискусија за поголема вклученост на младите со попреченост. Дефектолози, педагози и родители дискутираа за намалување на бариерите во наставата” – стои во соопштението.

 

Слични содржини