Нова песна на македонскиот бенд 2Be (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Илјада Ѕвезди“ е насловот на третата песна која публиката може да ја слушне од македонскиот бенд 2Be. Покрај претходните две успешни нумери, „100 Песни“ и „Врати се“, оваа песна е нивна втора авторска песна. Музиката, текстот и комплетниот аранжман е на момците од бендот, Љупче, Тино и Синиша.

Иако во претходните два видео записи се појавуваат и самите тие во нив, и се снимани на различни локации низ Македонија, овојпат видео записот за песната е едно креативно lyrics видео во забрзана снимка. 2Be велат дека поради ситуацијата која нѐ снајде веќе цела година, тие се одлучиле за едно поинакво видео, снимано во домашни услови, на еден поинаков и креативен начин. „Навистина беше многу забавно да се снима еден ваков видео запис.“ – е она што го велат тие.

Момците од бендот ни најавија дека покрај оваа нова нумера, за брзо време ќе следи уште нешто ново од нив. Додека тоа се случи, уживајте во нивната нова песна и lyrics видео „Илјада Ѕвезди“.

loading...

Слични содржини