Нова „пресметка“ на Хју Џекмен и Рајан Рејнолдс : Овој пат се вклучи и полицијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
415 прегледи

Во саботата, Хју Џекмен реши да побара улога во филмот „Дедпул 3“ објавувајќи на Твитер, со помош на полицаец од Њујорк.

Во видеото од 34 секунди, полицаец по име Џон Добковски се приближува до славниот актер. Кога Џекмен сфатил дека не го прекршил законот, решил малку да се забавува и се пошегува со неговиот пријател Рајан Рејнолдс, со кого често се „пресметува“ преку социјалните мрежи.

Тој искористи полицаец за да му пренесе порака на Рејнолдс.

– Еј, Рајан, мора да го ангажираш ова момче во филмот „Дедпул 3“, барем во мала 10-минутна улога. Филмот ќе биде толку кул, толку добар, што ќе го разбие боксофисот, рече Добковски, она што му го кажа Џекмен.

Добковски ја заврши својата порака со лажна закана дека ќе го казни Рејнолдс кога ќе дојде во Њујорк ако дотогаш не го исполни своето барање. Заедно со тоа видео, Џекмен напиша дека полицаецот му дал неверојатно паметен деловен совет на Рејнолдс, пишува „Хедлајнер“.

Филмот „Дедпул“ беше премиерно прикажан во 2016 година, а во него Рејнолдс глуми истоимен платеник кој по научен експеримент што целосно го менува, тргнува во одмазда. Со огромна гледаност (заработи 783 милиони долари на бокс-офисот ширум светот) и добри критики, две години подоцна беше снимен и вториот дел од филмот, кој заработи 786 милиони долари.

Слични содржини