Нова провокација на Пјонгјанг: Две балистички ракети истрелани во Јапонското Море

од Nikola Popovski
295 прегледи

Северна Кореја денеска лансирала најмалку две ракети за кои се сомнева дека се балистички ракети, потврдија за Ројтерс официјални лица од Јужна Кореја, Јапонија и САД.  Ова е прва провокација на Пјонгјанг по промената на администрацијата во Вашингтон и доаѓањето на Џо Бајден за претседател на САД.

Севернокорејските балистички ракети се забранети со резолуциите на Советот за безбедност на ООН, а доколку лансирањето биде потврдено, тоа би претставувало нов предизвик за напорите на Бајден за соработка со Пјонгјанг, кои досега беа одбиени, објави Ројтерс.

Воениот штаб на Јужна Кореја потврди дека најмалку две неидентификувани ракети биле истрелани во морето од севернокорејската провинција Јужен Хамгионг на источниот брег.

Јужнокорејските и американските разузнавачки служби ги анализираат податоците за лансирање за дополнителни информации, се вели во соопштението.

Американски официјални лица исто така потврдиле за Ројтерс дека Северна Кореја извршила ново лансирање ракета, без да понудат детали за видот на лансираното оружје.

Слични содржини