Нова размена на војници меѓу Украина и Русија, меѓу ослободените има и припадници на Азов

од Nikola Popovski
259 прегледи

Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во размената на заробеници со Русија се ослободени 144 украински војници, меѓу кои и голем број борци од Азов.

Од 144-те ослободени борци, 95 се бранители на челичарницата Азовстал во Мариупол, а меѓу нив има и 43 припадници на Азовскиот полк, кој Русите го нарекуваат „нацисти“.

Меѓу ослободените борци има 30 маринци, 28 припадници на редовната армија, 17 гранични војници, девет припадници на територијалната одбрана и еден полицаец, пренесува Укринформ.

Најстариот ослободен борец има 65, а најмладиот 19 години.

Повеќето од ослободените Украинци имаат сериозни повреди, рани од куршуми, изгореници, скршеници и ампутирани екстремитети, соопшти украинското Министерство за одбрана, но не понуди докази за поддршка на наводите.

Русија се уште не ги потврди овие наводи на Украина.

Слични содржини