Нова семејна драма кај Бекамови! Бруклин ги налути родителите, а снаата Никола е главниот виновник?

од Марта Пешевска
17 прегледи

Семејната драма во семејството Бекам повторно го окупира вниманието на јавноста, откако најстариот син Бруклин Бекам (26) и неговата сопруга, актерката и наследничка на милијардерско богатство, Никола Пелц (30), повторно се најдоа во центарот на шпекулации за нарушени односи со родителите на Бруклин – Дејвид и Викторија.

Минатата недела, Бруклин и Никола допатувале во Лондон за снимање на модна кампања за еден италијански луксузен бренд. Интересно е што локацијата за снимање била на само неколку минути оддалеченост од домот на Бекамови. Но, според блиски пријатели на семејството, младиот пар не се обидел да стапи во контакт со ниту еден член од фамилијата – без повици, пораки или посета.

Дополнителна сол на раната била објавата на Бруклин на Инстаграм, каде што со пиво и својот лут сос позира во паб – кој, како што велат пријателите на семејството, е омиленото место на Бекамови. Станува збор за пабот Вигмор, лоциран во хотелот Лангам, што само ги засили сомнежите дека избегнувањето на контакт било намерно.

„Срцекршачки е што беше толку блиску, а не се јави никому“, изјавил близок извор за британскиот „Мирор“.

Во исто време, додека Бруклин се забавувал во пабот, неговиот татко Дејвид бил на јавен настан со кралот Чарлс. За многумина, уште поразочарувачки бил фактот што Бруклин на социјалните мрежи ѝ оддал почит на покојната баба на Никола, но целосно го игнорирал роденденот на својот дедо – таткото на Викторија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

„Секогаш објавува само за семејството на Никола. Ништо за неговото сопствено. Тоа боли“, рекол семеен пријател.

Сомнежите се сè поголеми дека Никола стои зад дистанцирањето на Бруклин од неговото семејство. Нејзините критичари ја обвинуваат дека го манипулира и изолира, додека нејзиниот тим ги демантира ваквите наводи, тврдејќи дека Бруклин самостојно ги носи своите одлуки и дека неговата љубов кон Никола е искрена и силна.

„Тој стои покрај својата сопруга и тоа треба да се почитува“, велат блиски до младата двојка.

Бруклин неодамна објави видео на кое вози мотоцикл со порака посветена на Никола: „Целиот мој свет. Ќе те сакам засекогаш. Секогаш те бирам, бејби“. Многумина ова го толкуваат како индиректна порака за семејната ситуација.

Иако Никола тврди дека се трудела да изгради добар однос со Бекамови, постои изјава од нејзинот тим во која се наведува дека таа „му помогнала на Бруклин да ја препознае токсичноста во неговото семејство“. Според пријателите на Бекамови, овие зборови ја затвориле вратата за можност за помирување.

Во меѓувреме, Никола се соочува и со правна битка против фризер за кучиња, кого го обвинува за смртта на своите миленичиња. За случајот го ангажирала познатиот адвокат Марти Сингер, кој работел со големи имиња како Ким Кардашијан и Мајкл Џексон.

Сепак, некои веруваат дека надеж за помирување сè уште постои. Според неофицијални информации, Бруклин е особено приврзан кон својата најмлада сестра Харпер, и многумина сега го очекуваат роденденот на девојчето како можност тој барем да ѝ се јави и да покаже дека врските во семејството сè уште не се целосно прекинати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Слични содржини