Нова сезона, стари кризи: Летото за ЕУ ​​заврши

од Vladimir Zorba
73 прегледи

zx450y250_2819025

Европската унија (ЕУ) повторно се фаќа за работа – оваа недела по одморот во август, иако се уште се опоравува од гласот што во текот на летото пристигна од Велика Британија за напуштање на блокот. Тој се соочува со горе-долу истата палета на кризи, како пред една година: многу бегалци, кревка економија, непријателски расположени Руси и, да, овие Британци, потешко од кога било, пишува Алистер Мекдоналд за “Ројтерс”.

Кога претседателот на Еврокомисијата (ЕК), Жан-Клод Јункер ќе го направи годишното обраќање “За состојбата на Унијата” пред Европскиот парламент во Стразбур на 14 септември, тој може мирно да го повтори предупредувањето од минатата година: ЕУ има “последна шанса” да се спаси од бранот на центрифугалниот национализам.

Минатата недела останатите тројцата „Големи од ЕУ„ – германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и нивниот домаќин, италијанскиот премиер Матео Рензо – ја тестираа потребата да го обноват заветот таму од каде сојузот потекнува – на остров Вентотене. Политички затвореници, сместенин на островот од режимот на Мусолини, го напиша таму во 1941 година манифестот за обединета Европа.

Тоа што се сретнаа на палубата на носачот на авиони “Гарибалди”, го зајакна чувството за потресени лидери, обединети во заштита на ЕУ, додека размислуваат за пречките и политички календар за следната година.

Евролидерите се подготвуваат прво за самитот на 16 септември во Братислава, кој ќе помине без британско учество и ќе се обиде да ја претстави иднината на ЕУ по Брекзитот.

На 2 октомври конзервативниот премиер на Унгарија Виктор Орбан ќе удри уште еден шамар на Брисел: Унгарците ќе гласаат во голема мера на симболичен референдум за отфрлање на европската квота систем за прераспределба на бегалци меѓу земјите членки. Во овој план Јункер инвестира голем капитал пред една година, но не успеа да реализира скоро ништо од предвиденото.

Орбан се надева дека со претседателските избори на 8-ми ноември во САД ќе заработи од човекот, кого тој го нарекува “храбриот” Доналд Трамп. Малкумина од неговите колеги во ЕУ се толку ентузијастички. Тие го сметаат Трамп за бунтовник со деструктивни идеи, чија поддршка за главниот човек за Брекзит Најџел Фараж не го прави пријател на ЕУ.

Победа на Трамп може да ја раскине трансатлантската коалиција против Русија, која и онака почна од западот во Европа. Владите од Париз до Братислава сакаат да ги преиспитаат наметнатите поради Украина санкции кога рокот им истече на крајот на оваа година.

Трамп може исто така да вложи по Брекзит нова доза несигурност за светската трговија. И тројцата големи лидери се среќаваат со конкуренција од евроскептици за срцата на избирачите во своите земји.

Ренци се обидува да ги убеди Италијанците дека има младинска енергија и да ја поправи штетата од последниот земјотрес на Апенините, за разлика од расипаните од скандали Силвио Берлускони во земјотресот во Аквила во 2009 година, кога загинаа над 300 лица.

Најверојатно во ноември Ренци ќе гие стави на референдум уставните реформи кои според него се потребни за излез од политичкиот ќор-сокак кој ја задушува италијанската економија. Социолози прогнозираат долг референдум, а евроскептичниот почетник од “Пет ѕвезди” донесе ретроспектива за премиерот социјалист, кој се очекува да поднесе оставка, ако не го добие посакуваниот резултат на анкетата.

Постои опасност Оланд или ннекој негов наследник да биде изеден од лидерот на екстремнодесничарскиот Национален фронт, Марин Ле Пен на првиот круг од претседателските избори во Франција на 23 април следната година.

Нејзината привлечноста беше зголемена од извршените масакри на “Исламска држава” во Париз и Ница и од медиумсктата помпа за и околу Бурките на плажа ова лето. Сепак социолошките агенции се сомневаат дека таа може да победи на вториот круг на 7 мај, а Оланд или друг да преживее како кандидат на некоја од главните партии.

Што се однесува до Меркел, таа треба да потврди дали ќе се стреми кон четврти мандат на парламентарните избори, кои ќе се по малку повеќе од една година. Најголемата закана за нејзините шанси за реизбор е донесената ланска одлука да прифати над милион мигранти во Германија, кога границите на ЕУ се наведнуваа од нивниот прилив. Ова веќе ја ослабна поддршката за нејзината конзервативна партија.

Заканите за нивниот опстанок дома ги натераа некои лидери често да го опсипуваат со критики Брисел, иако само Британците ги доведоа работите дотаму што повеќето гласачи се обратија целосно против ЕУ. Иако речиси ништо не е променето во Брисел од минатото лето, оптимисти може да ја видат сега повод за надеж за повеќе единство.

Иако продолжува да се крева врева за тоа како и дали земјите од ЕУ треба да го споделат товарот на блокирани мигранти во Грција и Италија или кандидати за азил, бројот на новопристигнатите не се намналува, барем во Грција.

Групите за човекови права жестоко реагираа на склучените оваа година прагматични договори со Турција за запирање на протокот на сириски бегалци кон Грција и со балкански држави кои не се членки на ЕУ за прекинување на бегалските правци кои тргаат од Грција на север. Но овие договори навистина го намалија бројот на пристигнување.

Тоа е нешто со кое претставниците на ЕУ тешко би можеле да се фалат. Многу од нив делат во лични разговори дека се чувствуваат непријатно, бидејќи исплаќањето на африкански влади со пари за да ги запираат луѓето, тргна кон Италија, ги задушија возвишени хуманитарни идеали на ЕУ.

Но погледнете пак Меркел, Оланд и Ренци на бродот “Гарибалди”, брод на мисијата на ЕУ крај бреговите на Либија, дел од спасувачка операција и ги обесхрабрува посредниците, и пред очите се појавува поинаква слика на денешната ЕУ.

И тројцата говореа за тоа како Европа станува посилна и повеќе стои за безбедносните прашања. Тоа е реториката, која може да го дофати вниманието на скептичните гласачи, незадоволни од обидите на Европа да почива во глобализирачкиот свет, и на сличните на Орбан и други источноевропски лидери вознемирени од политиката на отворени врати на Меркел.

Сега, кога веќе нема потреба да ги чувааат Британците да не избегаат, Јункер натера минатата недела еврофобскиот печат во Лондон да претсане да завива до небесата, кога рече државни граници “најлошото изум на сите времиња”. Тој го обнови повикот за европска армија – нешто што долги години беше за него само сон, бидејќи Британија имаше право на вето.