Нова шпионска војна САД-Русија

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Вашингтон задржува инженер, обидувајќи се да продаде државна тајна на Москва, и протера двајца поради инцидентот пред руската амбасада1468037851-kir

 

Жител на американската држава Калифорнија е уапсен под обвинение дека се обидел да продаде доверливи информации од значење за државата, сознанија  и технички карактеристика на воените сателити на САД, пренесе ТАСС. Ова се вели во објавениот  во петокот документ од судот во Лос Анџелес.
Според податоците на обвинителството 49-годишниот инженер Ален Џастис работи во американско одбранбен завод, кој се обидел да продаде доверливи информации за програмата  некои воени и комерцијални сателити на САД на човек кого го  гледаат како руски шпион. Всушност тоа бил прикриен агент на ФБИ .

Џастис кој работел во Министерството за одбрана на САД од 2000 година и се занимавал со создавањето на сателити, признал пред истражителите дека се решил на злосторството, бидејќи неговата сопруга има потреба од пари за лекување на сериозна болест.

Во случај да  биде прогласен за виновен Џастис може да добие до 20 година затвор.-американского-шпиона-на-полицейского-в-Москве-попало-на-видео

САД го протераа двајца руски функционери во одговор на напад врз американски дипломат од руски полицаец во Москва, соопшти портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби. Протерување случило на 17 јуни, откако на 6 јуни полицаецот нападнал акредитиран американски дипломат, кој се обидувал да влезе во комплексот на амбасадата на САД во Москва, изјави Кирби. “Акцијата беше неиспровоциран и е загрозила безбедноста на нашиот вработен”, истакна тој.

( Видео) Тепачка меѓу американски дипломат и руски полицаец

Русија тврди дека Американецот бил агент на ЦИА, а полицаецот ги извршувал своите должности. Пред два дена портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека во печатот на САД се развива кампања по создавање на слика на непријателот во лицето на Руската Федерација. “Банален случај од животот на редовен соработник на ЦИА беше претворен од нашите американски колеги во напад на руски полицаец против безопасен американски дипломат”, рече таа, цитирана од агенциите.

Според нејзиното тврдење ноќта на 6 јуни до амбасадата застанало такси, од кое излегол непознат маж со ниско ставена  над лицето капа и се упатиле кон влезот. Дежурен полицаец сакал да ги  провери документите на сомнително лице, за да се убеди дека нема закана за дипломатската мисија, но човекот, наместо да покаже документ за идентификација, си продолжил во амбасадата.

Портпаролот на Стејт департментот демантира руската верзија. “Руското тврдење дека полицаецот ја  бранел амбасадата од неидентификувано лице е едноставно погрешно”, изјави Кирби. Тој одби да го  коментира емитуваното по мрежите  видео од инцидентот