Нова скандалозна снимка: Советник на Македонски брод насилно шутира куче! (ВИДЕО)

од Берта Китинска
302 прегледи

Пред  два дена на социјалните медиуми вирално се споделуваше видео од момче од Куманово како насилно шутира мирно куче. Неговиот чин ја вознемири и разлути јавноста.

Се појави нова снимка на која се гледа како возрасен маж шутира куче пред локал повторно ја разлути јавноста. Случката е снимена пред локал, а се претпоставува дека лицето на видеото е Бране Јовановски, независен советник во општина Македонски брод, кој е идентификуван од страна на сограѓани.

Советникот во изјава за а1.он демантира дека го малтретирал кучето, а на прашањето зошто го направил тоа, одговорил „Море што ме малтретираш човек, што е проблемот? Абе пијан човек, куче на улица ко куче на улица, што има да се расправам со тебе јас? Ај остај ме да спијам, не сум арен, остај ме ајде“.

Според Кривичниот законик, на сторителот му се заканува парична или затворска казна:

Мачење животни, Член 233: „Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни
маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува
на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“

Публикувахте от Ivana Marash в Сряда, 4 март 2020 г.

 

Слични содржини