НОВА СТУДИЈА ја потврдува теоријата за Ковид-19? Нови докази се појавија од ПАЗАРОТ во ВУХАН

од Nikola Popovski
742 прегледи

Нова студија за потеклото на Ковид-19 понуди дополнителни докази за поддршка на теоријата дека вирусот првпат бил пренесен на луѓето од заразени животни на пазар во Кина кон крајот на 2019 година.

Дури и речиси пет години откако се појави Ковид-19 за прв пат, меѓународната заедница сè уште со сигурност не утврдила каде точно се појавил вирусот. Првите случаи беа откриени во кинескиот град Вухан на крајот на 2019 година, но имаше остри поделби меѓу заговорниците на двете главни теории.

Едната е дека вирусот протече од лабораторија во Вухан која ги проучувала вирусите, додека другата е дека луѓето се заразиле од заразено диво животно кои се продавале на локалниот пазар.

Научната заедница ја фаворизира втората теорија, но контроверзноста продолжува.

Студијата, објавена во списанието „Cell“, се заснова на повеќе од 800 примероци собрани од пазарот за морска храна Хуанан во градот Вухан, за кој се верува дека на продажба имал и диви цицачи.

Примероците се собрани во јануари 2020 година по затворањето на пазарот и не се земени директно од животни или луѓе, туку од површините на тезгите на кои се продавале дивите животни, како и од одводи.

Од овој тип на податоци, споделени од кинеските власти, „не можеме со сигурност да кажеме дали животните на пазарот се заразени или не“, изјавила за АФП една од авторките на студијата, Флоренс Дебар.

Сепак, „нашата студија потврдува дека на овој пазар на крајот на 2019 година имало диви животни“, вели еволутивниот биолог од француската истражувачка агенција „CNRS“.

„И тие животни биле лоцирани во југозападниот агол на пазарот, што е исто така област каде што беше откриена голема количина на вирусот САРС-КоВ-2, кој предизвикува Ковид-19“, наведува Дебар.

Овие мали цицачи можат да се заразат со слични вируси на луѓето, поради што се сомнева дека служеле како посредни домаќини меѓу луѓето и лилјаците, од кои се сомнева дека потекнува вирусот САРС-КоВ-2.

Присуството на овие животни на пазарот Хуанан претходно беше спорно, и покрај некои фотографски докази и студија од 2021 година.

„Многу силни докази“

Бројни делови од еден штанд биле позитивни на вирусот што предизвикува Ковид-19, вклучително и „количка за животни, кафез, количка за отпадоци и машина за отстранување влакна/пердуви“, се вели во студијата.

„Овие примероци содржеа повеќе ДНК на диви цицачи отколку човечка ДНК“, се додава.

ДНК од цицачи била пронајдена во примероците позитивни за Ковид-19 од овој штанд, вклучително и ДНК од цибети од палми, бамбусови стаорци и кунопаси.

„Овие податоци покажуваат или дека животните од овој штанд го пренеле САРС-КоВ-2, кој е откриен на опрема за животни, или дека раните непријавени човечки случаи на ковид-19 го пренеле вирусот на истото место како и откриените животни. “, објаснува студијата.

Истражувањето, исто така, потврдува дека „најнеодамнешниот заеднички предок“ на коронавирусот пронајден во примероците на пазарот бил „генетски идентичен“ со оригиналниот вид на пандемија.

„Ова значи дека раната разновидност на вирусот е пронајдена веќе на пазарот, што се очекува доколку ова е местото каде што се појавил вирусот“, објаснува Дебар.

Веројатниот предизвикувач на пандемијата

Џејмс Вуд, епидемиолог за заразни болести на Универзитетот во Кембриџ, кој не бил вклучен во истражувањето, информирал дека студијата „обезбедува многу силни докази дека тезгите со диви животни на пазарот за морска храна Хуанан во Вухан се епицентарот на избувнувањето на пандемијата“.

„Истражувањето беше важно затоа што „малку или ништо не е направено за да се ограничи трговијата со живи диви животни или загубата на биодиверзитетот или промената на користењето на земјиштето, кои се вистински веројатни двигатели на минатите и идните пандемии“, истакнал тој.

„Овие аспекти исто така не се вклучени во нацрт-договорот за пандемијата“ за кој земјите во моментов преговараат, додал Вуд.

Слични содржини