Нова студија: Мозоците на тинејџерите остареле за 4 години поради пандемијата на ковид

од Milan1
55 прегледи

Карантините за време на пандемијата на ковид, како што се затворање училишта, откажани спортски активности и задолжителен престој дома, предизвикаа прерано стареење на мозокот на тинејџерите, дури за четири години, открија научниците од Универзитетот во Вашингтон.

Нова студија, објавена во списанието „Зборник на трудови на Националната академија на науките“ (Proceedings of the National Academy of Sciences), е дополнителен доказ дека пореметувањата во секојдневните рутини може да придонесат за развој на проблеми во однесувањето, пораст на нарушувања во исхраната и развој на анксиозност и депресија кај адолесцентните девојчиња и момчиња, пренесува НБЦ.

Научниците од универзитетскиот Институт за истражување и наука на мозокот ја започнаа студијата користејќи магнетна резонанца уште во 2018 година за да утврдат како структурата на мозокот на 160 тинејџери од областа Сиетл се развивала со текот на времето. Учесниците во студијата, речиси еднаков број на момчиња и девојчиња, беа на возраст меѓу 9 и 19 години на почетокот на студијата.

Водачот на истражувањето, ко-директор на Институтот, Патриша Кул, рече дека тие не можеле да ги следат скенирањата на мозокот до 2021 година, откако започна карантинот со Ковид во 2020 година, поради што го префрлиле фокусот на студијата за да дознаат како изолацијата влијаела врз структурата на мозокот на адолесцентите.

Со мерење на дебелината на церебралниот кортекс – надворешниот слој на мозочното ткиво што ги контролира неговите функции на повисоко ниво, како што се расудувањето и одлучувањето – тие открија дека мозокот на машките тинејџери прерано стареат – за 1,4 години, додека скенирањето на мозокот на девојчињата покажале забрзано стареење од дури 4,2 години.

Церебралниот кортекс природно се разредува како што старееме. И хроничниот стрес може да предизвика слични промени во мозокот. Но, во периодот од три години помеѓу првото скенирање и следењето, церебралниот кортекс се разреди кај тинејџерите многу повеќе отколку што очекуваа истражувачите.

Слични содржини