Физичари од САД и Јужна Кореја опишале можно сценарио за еволуцијата на универзумот по Големата експлозија, соопшти списанието”New Scientist”.
Според авторите по Големата експлозија во вселената постоеле хипотетички честички рехеатон. Со измените – падот на температурата и промената на всемирната геометрија во рамна, оваа честичка се скршила на многу други. Бројот на видовите, според авторите, се илјадници трилиони. Тоа значи дека во универзумот има и толку верзии на Стандардниот модел, кои се разликуваат една од друга по масата на честичките. Особено ако масата на настанатите од распадот на рехеатонот Хигс бозон е мала, тогаш масата на останатите честици ќе биде голема и обратно.
Тоа според авторите го решава проблемот на електрослабата хиерархија во физиката на честички, што е поврзана со големата разлика меѓу експериментално набљудуваните маси на елементарните честички и обемот на енергијата на раната вселена.