Нова теорија за убиството на позната новинарка: По грешка ѝ пресудил руски убиец?

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Сите детали за убиството на британската новинарка Џил Дандо, која беше убиена во 1999 година на нејзиниот домашен праг во Фулам во западен Лондон, се уште не се разјаснети. Сега во островските медиуми се појавија нови теории дека Дандо е убиена по грешка, а вистинската цел била друга новинарка на Би-Би-Си – Лиса Бринкворт.

Осудениот сексуален престапник Бери Џорџ првично беше осуден за убиство на новинарката Дандо две години по нејзината смрт, но беше ослободен кога доказите против него беа дискредитирани.

Британските медиуми наведуваат дека Џил Дандо можеби е убиена од руски убиец, а грешката е направена поради сличноста на двете новинарки, бидејќи живеат во истиот дел на Лондон и истата работа што ја работат.

Според судските документи, убиецот бил ангажиран од францускиот моден магнат Џералд Мари (72), обвинет за повеќекратни сексуални напади. Тој всушност сакал да ја ликвидира новинарката Бринворт (55), бидејќи таа ја разоткрила неговата агенција Elite Model Management во тајна мисија. Џералд Мари е под истрага за наводен сексуален напад и силување на најмалку 11 жени. Меѓу нив е и Бринкворт, која тврдела дека сексуално ја нападнал во 1998 година додека работела на тајна задача со новинарот Донал Мекинтајр да ги разоткрие сексуалните злосторства во модната индустрија за Би-Би-Си.

Адвокатите исто така додаваат дека вереникот на Џил, Алан Фартинг, бил доктор на Лиса Бринкворт.

Во врска со убиената Дандо се поврзува и теоријата дека Слободан Милошевиќ го наредил нејзиното убиство затоа што таа во своите емисии остро го критикувала неговиот режим.

Слични содржини