Нова тужба против Болдвин, сценариото не барало пукање

од Vladimir Zorba
371 прегледи

Членот на екипата од снимањето на „Рѓа“, Меми Мичел, во тужбата изјавила дека според сценариото не било потребно да се пука со пиштол за време на сцената на која Алек Болдвин ја вежбал, кога минатиот месец ја уби снимателката Халина Хачинс.

Нејзината адвокатка Глорија Олред ја потврди тужбата против Болдвин и другите продуценти на филмот, објаснувајќи дека актерите се одговорни и за спречување на оваа трагедија, пренесе Ројтерс.

Супервизорот на сценариото Мичел во тужбата наведува дека Болдвин требало сам да провери дали пиштолот има боева муниција, а не да се потпира на тврдењето на помошникот режисер дека револверот Колт 45 е безбеден за употреба.

„Според нас, Болдвин играше руски рулет, одлучувајќи да не провере дали пиштолот е наполнет пред да го земе“, рече Олред.

Во тужбата е наведено дека сценариото предвидувало снимање на три кадри, очите на Болдвин, крвава дамка и торзото на Болдвин „додека ја спушта раката и вади пиштол“, но дека „никаде не се споменува дека Болдвин или некој друг треба да пука од пиштол“.

Мичел тврди дека напад е извршен, предизвикано е емоционална вознемиреност и намерно нанесување повреда, се вели во извештајот заснован на копија од судските документи.

Претходно, друг член на филмската екипа, кој беше сведок на фаталното пукање за време на снимањето на една од сцените минатиот месец, поднесе тужба против актерот Алек Болдвин и продуцентот на филмот за несовесно однесување, а властите во Санта Фе сè уште истражуваат и не поднеле кривична пријава.

Снимателката Халина Хачинс беше убиена на 21 октомври, а режисерот Џоел Соуза беше ранет кога пиштолот на Болдвин, за кој се мислеше дека е безбеден, испука куршум за време на снимање на филм во Ново Мексико.

Слични содржини