Европската Унија има нова директива која треба да им ја олесни и поевтини поправката на уредите за потрошувачите. Кој ќе се одлучи за поправка, добива продолжување на законската гаранција за уште една година – не само за бесплатни поправки и замена на уред додека трае, туку и за најповолно сервисирање. Нашите граѓани би можеле да ја очекуваат оваа регулатива кога Македонија ќе влезе во ЕУ.
Новата директива на Европската унија треба да овозможи не само побрза поправка, туку и поисплатлива од купување на нови електрични и електронски уреди. Предвидено е на иста платформа да бидат: производители, трговци, сервисери и потрошувачи, со што поправката ќе биде што поповолна.
– Целта на оваа директива е „правото на поправка“. Потрошувачите во Европската унија одговориле на 77 отсто, кај голем број испитаници, дека повеќе би сакале да им го поправат телефонот отколку да купат нов. Тука зборуваме и за нешто што се нарекува куќен буџет. Зошто да бидете принудени да го фрлите уредот поради мал дефект или скапо се поправа или нема да го поправат, се наведува во соопштението.
Со новите прописи, Брисел сака повеќе да ги ангажира потрошувачите во борбата против климатските промени и акумулацијата на електронскиот отпад.