Нова услуга на „Гугл“ ќе овозможува да се проверат фактите во вестите

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Компанијата “Гугл” го претстави својот нов сервис кој ќе им овозможува на корисниците да проверат дали она што се чита, е точно или не.5118667 Сега, освен досегашните “тагови” во статиите на Google News, како “Во длабочина”, “Википедија” и други, веќе ќе има и копче “Fact check”, кое ќе помага во одредувањето на тоа дали дадена вест е фактолошки точна, пишува британскиот “Индипендент”.

Статии, кои помагаат за воспоставување на даден факт, ќе се појавуваат под главниот наслов. На овој начин читателите ќе можат да проценуваат дали одредена вест е погрешна, преекспонирана или неточна.

Првично новата услуга ќе биде достапна само на територијата на САД и Велика Британија, а ќе може да се користи, освен на компјутер, така и преку мобилен телефон. Проверката на факти стана вообичаена услуга меѓу онлајн публикациите.

Голем број на организации како Меѓународната мрежа за проверка на фактите, “Политфакт” и “Фулфакт” анализираат тврдења на политичари и други јавни личности, за да утврдат дали она што го велат, е точно.