Новата сезона на реалното шоу „The Kardashians“ ќе биде огнена, барем ако се суди по трејлерот кој ги запали социјалните мрежи. Премиерата на Hulu е закажана за 25 мај, а се чини дека главната тема на новата сезона ќе биде борбата за еден многу типичен проблем за нив – Dolce & Gabbana.
Ким во трејлерот вели: „И покрај целото лудило, не сакам да се карам со семејството“. Но, сестрата Кортни изгледа е подготвена да војува со неа и ја обвинува дека нема граници или почит кон неа.
Конфликтот меѓу сестрите, се чини, ќе ги вклучи и Кајли, сопственичката на козметичка империја и супермоделот Кендал, кои се обидуваат да се држат настрана.
„Мислам дека никој не е виновен“, вели во еден момент Кајли додавајќи дека ги разбира двете страни.
„Како сестри мораме да се поддржуваме“, вели Кендал додека се облекува пред огледалото.
Како сето тоа започна? Кортни ја обвини Ким дека ја искористила нејзината венчавка во мај 2022 година со Тревис Баркер како „деловна можност“ и смета дека нејзиниот посебен ден бил „ограбен“.
View this post on Instagram
Луксузната венчавка на Кортни и Тревис се одржа на италијанскиот имот во сопственост на дизајнерите на Dolce & Gabbana, Доменико Долче и Стефано Габана, а нивната луксузна модна куќа го создаде фустанот на основачката на брендот Poosh.
Недолго по раскошната прослава на тема D&G, Кортни дозна дека Ким соработува со брендот за да дизајнира колекција наречена „Ciao, Kim“.
Основачката на брендот SKIMS наскоро стана новото заштитно лице на Dolce & Gabbana, а нивната соработка беше откриена за време на модната недела во Париз во септември.
„Сето тоа ќе излезе во шоуто“, се насмевна Ким во исповедта на новиот трејлер.