Новак: Доколку Западот ја бојкотира руската нафта, цената на барел може да достигне 300 долари

од Nikola Popovski
350 прегледи

Доколку Западот одлучи да ја бојкотира руската нафта, цената на барелот може да порасне до 300 долари, тврди рускиот вицепремиер Александар Новак.

– На Европа ќе и треба повеќе од една година да ја замени руската нафта. Сосема е јасно дека отфрлањето на руската нафта би предизвикало катастрофални последици на пазарот, изјави Новак на државната телевизија.

Новак исто така појасни дека, во врска со, како што ги нарекува, „неоснованите обвинувања“ поради енергетската криза во Европа и наметнувањето забрана за гасоводот Северен тек 2, Русија има целосно право да носи реципрочни одлуки и да воведе ембарго на испораките на гас преку Северен тек 1 кој е моментално е во целосна функција.

– Но, оваа одлука засега не ја носиме бидејќи никој нема да има корист од тоа, иако европските политичари не охрабруваат со своите изјави и обвинувања. Русија гарантира дека ќе обезбеди највисоко можно ниво на енергетски ресурси на меѓународниот пазар, оставајќи ја енергијата надвор од доменот на политиката. Но, ќе ги преземеме сите законски мерки за да ги заштитиме нашите компании, партнери и потрошувачи за да обезбедиме стабилно и предвидливо снабдување со енергија на долг рок, рече Новак.

– Русија знае каде може да ја пренасочи енергијата во случај САД и Европа да ги отфрлат, додаде Новак.

Цените на горивата поради инвазијата на Украина веќе се приближуваат, или ги надминаа рекордните нивоа. Русија е трет по големина производител на нафта во светот, но и најголем извозник на „црното злато“.

Слични содржини