Новак Ѓоковиќ ќе добие музеј во Белград

од Milan1
68 прегледи

Белград наскоро ќе има музеј посветен на една од најголемите тениски и спортски легенди на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ. Оваа иницијатива како што рече има за цел да го прослави не само спортскиот успех на Ѓоковиќ, туку и да го позиционира Белград како регионален центар за спорт и култура.

– Верувам дека наскоро ќе тргнеме со градба на музејот на Новак Ѓоковиќ, кој би бил атракција за Белград. Денеска имавме разговори за тоа и веруваме дека тоа можеме да го завршиме пред Експо. Палма де Мајорка има музеј посветен на Рафаел Надал. Новак е поголем од Надал во овој прекрасен спорт. Не знам дали знаете колкава е неговата популарност, не само кај нас, туку да речеме во Кина, кога на кинески функционер ќе му подарите рекет на Новак Ѓоковиќ, тој не смее да го земе, бидејќи тоа би се сметало за преголем и прескап подарок, изјави Вучиќ при обиколка на изградбата на Националниот стадион за Експо.

Слични содржини