Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло откако победи во два сета против Алекс де Миноро со 7:5, 6:4.
Тенисерот број еден во светот од меч во меч игра се подобро на земјена подлога во Кнежевството, а моментално 11. играч на АТП листата го победи во крајно чуден меч, во кој имаше очигледни физички проблеми, во финишот на првиот и почетокот на вториот сет.
Во сабота 37-годишниот Србин во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот Каспер Руде-Иго Ембер.
Ова беше трет дуел меѓу Ѓоковиќ и Де Минор и втора победа на најдобриот светски играч. Србинот во 2023 година победи на Австралија Опен со 6:2, 6:1, 6:2, а неговиот сегашен ривал во јануари годинава на Јунајтед купот со 6:4, 6:4.
Ноле влезе во топ четворицата во Монте Карло за прв пат од 2015 година кога ја освои својата втора титула во Монте Карло. Србинот има 40 мастерс трофеи, од кои два во Кнежеството, а ако го подигне пехарот во недела, тоа ќе му биде 100-ти јубилејен во кариерата.