Новата Call of Duty ви овозможува да прескокнете до крајот

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Call of Duty серијалот не е особено познат по својата способност за раскажување приказни, но новата инсталација сака да го направи тоа полесно за сите – Black Ops III ја има секоја мисија отклучена од самиот почеток, што значи дека не ќе мора да се игра целата кампања со цел да се види заклучокот.

1920x-1.0.0

“Тоа им дава [на играчи] флексибилност да ја консумираат содржина како сакаат”, изјави директорот на кампањата Jason Blundell за Eurogamer. “Системот на отклучени нивоа е архаичен менталитет кој го имавме уште за време на развојот. Ќе го направите ова, па ќе одите на следното”

Програмерите Treyarch изгледа да имаат преземено инспирација од Netflix, што ја става целата сезона онлајн во исто време. “Ако го видите крајот ќе кажете: Јас треба да го разберам ова повеќе ‘”, вели Blundell. “Кога Netflix ја ослободи House of Cards со сите епизоди, сите можеа да рипнат до последната така? Секако дека да. Но, се работи за патот повеќе отколку крајот, нели?”

За разлика од House of Cards и Call of Duty: Advanced Warfare за тоа прашање – Black Ops III не може да се потпираат на Кевин Спејси за да го задржи вниманието на публиката. Но, одлуката на Treyarch всушност има смисла за серијалот на некој начин што нема за другите. А голем дел од Call of Duty фанови само се грижат за мултиплеер опциите, додека оние кои го играат серијалот за кампањата имаат тенденција да бидат повеќе случајни играчи – така што приказната да биде достапна во двата табора звучи како паметен потег.