Објавена е нова фотографија од Кристин Стјуарт во улогата на принцезата Дајана во филмот „Спенсер“. Актерката позира во кариран блејзер, многу сличен на оној што Лејди Ди го носеше на еден од официјалните приеми.
На нејзината рака е прстен кој е имитација на вереничкиот прстен на Дијана со дијаманти и сафир, а кој го наследи принцот Вилијам по нејзината смрт.
Со тој прстен ја запроси својата сопруга Кејт Мидлтон, која повеќе пати го носеше во јавност.
Меѓутоа, фотографијата на Кристин наиде на негативни коментари бидејќи луѓето тврдат дека таа воопшто не наликува на принцеза.
Многумина исто така забележаа колку е лошо направена репликата на вереничкиот прстен.
Филмот се снима во Велика Британија и Германија. Се очекува да биде готов до крајот на оваа година, но се претпоставува дека филмот нема да биде прикажан премиерно до 2022 година, односно на 25-годишнината од смртта на принцезата Дајана.