Новата фризура на Амал Клуни одзема 10 години од нејзиното лице (ФОТО)

од Vladimir Zorba
402 прегледи

Адвокатката специјализирана за човекови права Амал Клуни и поубавата половина на шармантниот актер, Џорџ Клуни го освежи својот изглед со нова нијанса на коса. Коментарите за малата, но многу ефикасна промена само се пристигнуваат – пофалба до пофалба! Се чини дека таа навистина ја потресе јавноста со овој потег.

Имено, таа својата густа темна коса ја прошара со неколку посветли прамени и покажа дека зимата не е резервирана само за потемни тонови. Во објавата која нејзиниот фризер Димитрис ја објави на социјалните мрежи можевме да видиме дека бринетата сега изгледа уште поубаво и помладо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dimitris Giannetos (@dimitrishair)

Амал ја покажа својата нова фризура синоќа на годишната церемонија на доделување награди во Центарот Кенеди во Вашингтон. Таа се појави со Клуни во никогаш поелегантно издание. Раскошен црвен фустан кој на феноменален начин ја истакна нејзината фигура. А актерот, пак, избра класичен црн костум со бела кошула и црна машна.

Сепак, целото внимание го украде адвокатката во спектакуларна тоалета, која и направи мала мака при позирањето на црвениот тепих поради долгиот капут. Затоа Џорџ доби шанса уште еднаш да покаже колку е „мангуп“.

Оваа убавица додека позираше за присутните фоторепортери се заплетка, а бидејќи е многу долг фустанот, не можела да направи ништо. Но, Клуни решил да биде нејзин стилист на една минута и преку неколку движења и дозволил на дело да го демонстрира целиот свој гламур.

Слични содржини