Наредната генерација на паметни часовници Pebble може да располага со колор дисплеј. Тој може да биде прикажан официјално уште во почетокот на следната недела, објави интернет изданието 9to5Mac.
Според негови извори компанијата се подготвува за сериозна обнова како на хардверот на часовникот, така и на неговиот софтвер. Новиот Pebble ќе има малку поширок корпус и екран. Екранот нема да е осетлив.
Вградената батерија на часовникот ќе обезбедува приближно исто време на работа како досегашната верзија. Причината за ова е тенкиот корпус, кој не дозволува поставување на поголема батерија. Освен тоа има нови дополнувања, како вграден микрофон пример, го намалуваат расположливиот простор. Се очекува процесорот на Pebble да е Cortex M4.
Часовникот ќе користи нова верзија на оперативниот систем на Pebble. Таа била преработена целосно со помош на инженери кои работеле и webOS. Интерфејсот ќе е надграден со повеќе анимации и секции.
Меѓу другите планови на компанијата се вградување на уште повеќе сензори и функции во Pebble. Тие ќе му дозволат да е прецизен и добар фитнес асистент. Буџетот на компанијата сепак е ограничен и овие можности не се очекуваат во блиска иднина.
Освен тоа, се предвидува и ставање на гама паметни нараквици. Тие ќе имаат дополнителни сензори кои ќе можат да даваат информации на часовникот.