Луѓето ширум светот го слават влегувањето во новата 2022 година. Во некои земји, поради пандемијата на корона вирусот, прославите ќе бидат поскромни од претходно.
По Самоа, Тонга и Кирибати, Новата година ја дочека и Нов Зеланд. После тоа, во 2022 година, таа пристигна и во Сиднеј, каде што беше одржан прекрасен огномет.
Во исто време се славеше и во Канбера и Мелбурн, а потоа луѓето се радуваа во Јапонија и Кореја.
Во Нов Зеланд, иако не беше најавено, Новата година беше дочекана со огномет.
Happy New Year!
Auckland, New Zealand welcomes in 2022 with a light show projected over the city's Harbour Bridge and Sky Towerhttps://t.co/sJoatS5eVU pic.twitter.com/fv5aC4uj8U
— BBC News (World) (@BBCWorld) December 31, 2021
Претходно, жителите на островите Самоа, Тонга и Кирибати ја дочекаа 2022 година со огномет и петарди.
Тие први во светот влегоа во Новата година со огномет, а Самоа, според Туристичката организација, донела пет експерти за пиротехника од Нов Зеланд како би го поставиле огнометот.