Новата игра за Хари Потер воведува трансродов лик (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Во новата компјутерска игра базирана на романите за момчето волшебник Хари Потер ќе има нов, трансродовиот лик.

Ликот во играта се вика Сирона Рајан, а таа е трансродова жена. Најавата на Avalanche Software дека ќе издадат игра со овој лик предизвика многу контроверзии на интернет, особено затоа што авторот на романите за Хари Потер, Џ. К. Роулинг е окарактеризирана во минатото како трансфобична.

Британската писателка Џ. К. Роулинг, најпозната по серијата романи за момчето волшебник Хари Потер, предизвика бура со коментари за трансродовите луѓе, поради што многумина мислат дека е трансфобична и не поддржува родов идентитет, но и луѓе кои го менуваат полот.

Таа на Твитер објави саркастичен коментар на темата род и пол, а ова не е прв пат да зборува за тоа и да предизвика спротивставени коментари во јавноста.

Откако обожавателите ја нападнаа писателката, изјавувајќи дека не можат да веруваат дека такви зборови дошле од личност која создала роман како Хари Потер, се огласил и Даниел Редклиф, кој го оживеал момчето волшебник во филмовите.

Тој се обидел да го изгаси пожарот наведувајќи дека ставовите искажани од Џ.К. не треба да го загрозуваат задоволството од читањето книги, но и дека тој исто така не може да ги поддржи.

Слични содржини