Јавното претпријатие за државни патишта во Програмата за 2023 година за инвестиции, отплата на кредити и трошоци проектира финансии во вкупен износ од 38,701 милијарда денари (629.284.552 евра), што треба да бидат покриени по основ на приходи и приливи од странски кредити, како и со средства од државниот Буџет.
Вкупните приходи изнесуваат 11,193 милирди денари при што од наплата на патарина планира да прибере 3,8 милијарди денари, од делот на наплата на акциза пет милијарди денари, од надомест за патна такса при регистрација на возила 2,3 милијарда денари, а 93 милиони денари по основ на други приходи од работењето.
По основ на странски кредити ЈПДП ќе располага со 11,508 милијарда денари од од Светска банка 1,081 милијарда денари, од ЕБОР во износ 4,427 милијарди денари, и од Ексим банка од 6 милијарда денари. Во планираните приливи и прходи на ЈПДП се и 15 милијарди денари од Буџетот на РСМ за 2023 година преку Министерство за транспорт, согласно со Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 за автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга- Ќафасан и на Коридорот 10д за делницата на автопатот Прилеп-Битола.
Според Годишната програма на ЈПДП за 2023 година, што е усвоена од Владата, инвестициската програма на ова државно претпријатие е со вкупен износ од 29.908.800.000 денари. Притоа, од сопствени средства ЈПДП планира да инвестира 3.400.800.000 од кои 1.939.000.000 во изградба на патишта, осветлување, сигнализација, мостови, тунели, свлечишта, како и сопствено учество во инвестиции од странски кредити.
За инвестициско одржување на патишта државното претпријатие ќе потроши 720 милиони денари, за исплати по основ на експропријација 200 милиони денари, за проектирање и надзор 473,5 милиони, а ќе вложи и 68 милиони денари во опрема и софтвер.
Од инвестициите од странски кредити, 1,81 милијарда денари се за Проектот за унапредување и развој на патишта што се кредитира од СБ. Предвидени с еи 4,427 милијарда денари од ЕБРД за финансирање на електронскиот систем за наплата на патарини на Коридорот 10 со 40 милиони денари, за проектот за изградба на национални патишта со 2,437 милијада денари, за проектот за реконструкција и рехабилитација на делница Крива Паланка – Девер Баир до границата со Бугарија со 250 милиони денари, за проектот за патарина на Коридорот 8 со 300 милиони денари, за патот Букојчани – Кичево со 400 милиони денариа, како и со милијарда денари за патот Скопје –Блаце. Со кредитирањето од Ексим банка, пак, треба да се вложат шест милијари денари изградбата на автопатот Кичево-Охрид.
Во новата година ЈП за државни патишта за отплата на кредити кон меѓународни финансиски институции планира 5,71 милијарда денари, од кои 780 милиони денари се за отплата на камата, а 4,33 милијарди денари по основ на отплата на главница.