Новата мрачна серија на HBO доби трејлер кој ќе ја згрози и вознемири јавноста (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

„The Idol“, серија за секси поп-ѕвезда од креаторот на „Еуфорија“, Сем Левинсон, има нов трејлер пред нејзината премиера на Канскиот филмски фестивал.

Младата манекенка Лили Роуз Деп и познатиот рапер The Weeknd ги имаат главните улоги во новата серија на HBO „The Idol“.

Имено, раперот е еден од креаторите на оваа серија, а воедно заедно со Лили Роуз ќе игра и една од главните улоги.

Неодамна беше објавен првиот трејлер за оваа продукција, кој беше најавен како „најлигавата љубовна приказна во Холивуд“ чии главни актери се поп-ѕвездата во подем која ја игра ќерката на Деп, како и потенцијален водач на култ игран од The ​​Weeknd.

Покрај раперот и Деп, во оваа продукција ќе се појават и Трој Сиван, како и Џени Ким, заедно со актерите Рејчел Сено, Хари Неф, Елизабет Беркли и други.

Слични содржини