Новата верзија на Tesla Model Y доаѓа со погон од Кина

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Новата, основна верзија на Tesla Model Y што ќе се произведува во Германија, очигледно ќе биде опремена со погон кој делумно доаѓа од Кина, односно од нивниот автомобилски гигант BYD. Tesla веќе доби одобрение од ЕУ за тој модел, пишува Teslamag.de.

Tesla и BYD склучија партнерство, а благодарение на тоа, кинескиот производител веќе почна да ја снабдува Tesla со своите батерии. Според „Јутарњи“, производството на новата верзија на Model Y треба да започне овој или следниот месец.

Во документите до кои дојде Teslamag.de, новата верзија внатрешно се нарекува „Type 005“, а автомобилот има батерија со капацитет од 55 kWh, што е доволно за сепак многу добар досег од 440 километри. Потрошувачката на енергија е само 15,5 kWh на 100 километри.

Се вели дека е револуционерна структурна батерија која е делумно дел од структурата на автомобилот. Сличен концепт претходно беше претставен од BYD на својот модел Seal. Новата верзија на Model Y тежи 2087 кг, што е за 66 помалку од верзијата со батерија од 60 kWh која беше сертифицирана пред една година.

Се чека официјална потврда за новиот модел.

Слични содржини