Нови 7.400 гортекс униформи за припадниците на Армијата

од Andreja Salpe
306 прегледи

Министертсвото за одрбана доби нови 7.400 гортекс униформи како доница од Турција.

Комплетирана е свечената униформа за секој припадник на Армијата, велат оттаму.

„Во ситуација кога сами си ги решавате проблемите и сојузниците подобро ќе ви помогнат. Обезбедивме нови униформи и чизми за Армијата, завршена е јавната набавка за втора униформа за секој припадник, ја комплетираме свечената униформа и обезбедивме, за прв пат, спортска опрема за секој припадник на Армијата. Со донацијата на гортекс одела од сојузничка Турција кои исто така ќе ги добие секој офицер, пофофицер и војник можеме да кажеме дека македонската Армија е опремена Армија“, велат од Министертвото за одбрана