Нови апанажи за поранешни министри и кирии за сегашни пратеници

од Илинка Илиоска
216 прегледи

Поранешните министри за финансии, за економија и за правда – Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Кренар Лога – се новите ексфункционери кои ќе користат апанажа. Бесими и Бектеши една година ќе земаат по околу 2.000 евра плата, додека Лога ќе зема буџетски пари девет месеци, бидејќи има помал министерски стаж од колегите. Комисијата за избори и именувања денеска ги одобри овие барања за апанажи за поранешните министри.

Претходно, апанажа беше одобрена и за ексвицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министерот за образование Јетон Шаќири, а Комисијата позитивно одговори и на барањата на 36 поранешни пратеници.

Комисијата им ги одобри и барањата на пратениците Даниела Христова, Јован Јаулески, Грација Бакрачевска и Јованка Тренчевска, Собранието да им плаќа кирија за стан.

Сумата за кирија што Собранието им ја обезбедува на пратениците кои не сакаат да патуваат секој ден, е во висина од 400 евра.

Слични содржини