Нови автомобили како мерило за криза: Кина ја надмина Европа во продажбата и ја остави короната зад себе

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Кина значително го зголеми водството во продажбата на нови автомобили, во споредба со Западна Европа. Додека на Стариот континент беа продадени 1,52 милиони возила во јануари и февруари, продажбата во Кина изнесуваше 3,96 милиони.

Пред една година се продадени 1,99 милиони единици во Европа, пишува Seebiz, а само 1,6 милиони во Кина. Понатаму е наведено дека азиската земја „никогаш досега, во првите два месеци од една година, не постигнала толку високо ниво на податоци за регистрација на автомобили“.

„Тоа е јасен знак дека Кина ја остави пандемијата зад себе, додека Европа сè уште е длабоко во криза“, изјави авторот на студијата Фердинанд Дуденхафер за „Абендблат“.

Само во Германија, во претходните два месеци се продадени 25% помалку возила отколку во истиот период минатата година, или околу 364,000 во споредба со 486,000 автомобили од 2019 година. Другите земји се погодени уште повеќе од кризата.

Продажбата на нови автомобили опадна за околу 46 проценти во Португалија и Шпанија, а во Данска за 40 проценти. Според податоците, Ирска се справила подобро, со минус од единаесет проценти.

Норвешка е единствената западноевропска земја што ја зголеми продажбата на автомобили, за пет проценти, во споредба со истиот период минатата година.

Слични содржини