Интензивна артилериска стрелба имало во реонот контролиран од бунтовниците во источниот украински град Донецк и е очигледно прекршување на склученото со посредство на Германија и Франција примирје меѓу проруски сепаратисти и владините сили.
Според податоците на AFP, бомбардирањето почнало околу 09.00 часот и се слушаат експлозии од реонот на аеродромот во градот што некогаш беше важен премин на украинските сили, пред да биде нападнато од бунтовниците во јануари и да биде уништено од борбите.
Според договорот за примирје, кој стапи во сила на 15 февруари, двете страни требаше да гп повлечат целото тешко вооружување од фронтот и да престанат со бомбардирањето.
Повремените судири продолжија во близина на Донецк и држениот од владините сили пристанишен град Маруипол, но генерално борбите нагло деескалираа.
Од своја страна претставник на самопрогласената Доњецка народна република, изјави дека судири се водат во реонот на селата Пески и Спартак кои се наоѓа северозападно од Донецк. Според негова информации, во западните региони на Донецк се слушаат експлозии и рафали.
Според податоците на ДНР, во административна зграда на железничката станицата во Донецк паднал проектил. Информациите за жртви и разурнувања се уште се прецизира.
Набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) пристигнале на местото на бомбардирањето против железничката станица во Донецк. “Во моментов на местото се врши увид од претставници на меѓународната мисија. Територијата е излорана “, се вели во соопштението на ДНР. Во текстот се додава дека според прелиминарните податоци, нападот бил од страна на населените места Пески и Андреевка.
Во позадината на пораките за обновените борбени дејствија во источна Украина, главниот командант на силите на НАТО во Европа, генерал Филип Бридлав изјави дека Западот треба да разгледа на користење на сите свои алатки за да и помогне на Украина, вклучувајќи испраќање на дефанзивно оружје. Запрашан на конференција во Брисел дали поддржува испраќањето на дефанзивно оружје во Украина, Бридлав рече:
“Против Украина се користат дипломатски алатки, информативни алатки воени инструменти, економски инструменти. Значи ние во Западот, како одговор треба да размислиме користење на сите наши инструменти. Може ли тоа да предизвика дестабилизација? Одговорот е да. Но неактивноста може да доведе до истото “.

