268
Две лица се убиени, а едно е рането во Марсеј, јави утринава агенцијата „Франс прес“, наведувајќи дека најверојатно се работи за вооружена пресметка поради трговија со дрога.
Според полициски извори, потерата започнала околу 3 часот и 30 минути помеѓу два автомобила додека едниот бил блокиран на излезот од автопатот.
Патниците од едно возило потоа пукале во патниците од друго блокирано возило.
Двајца мажи во автомобилот загинале на местото на настанот. Третиот маж бил ранет и неговиот живот е во опасност.
Итната помош и полицијата трагаа по четврто лице од истото возило, но не го лоцирале.